ЕкономијаМакедонија

Фискална стратегија – власта го стега ременот

Фискална стратегија - власта го стега ременот - Работник
295views

Проекциите за засилен раст и намален јавен долг се добра вест за македонската економија. Експертите се оптимисти, но сугерираат дека е потребно многу труд и дисциплина за тие и да се остварат.

Повисок економски раст, помали буџетски расходи, стабилизирање и намалување на јавниот долг – ова се трите клучни сегменти од Фискалната стратегија за развојот на македонската економија во периодот 2020-2022 која доби виза од Владата. Фискалната стратегија се усвојува за период од три години и ги содржи среднорочните насоки и цели на фискалната политика, основните макроекономски проекции, износите за главните категории проценети приходи и расходи, како и проекциите за буџетскиот дефицит и долгот.

„Фискалната стратегија е одраз на среднорочните фискални цели и стратешките приоритети на Владата на Северна Македонија“, пишува во стратешкиот документ.

Растот во 2019 корегиран на 3,5%

Очекувањата се дека економијата има капацитет да оствари раст:

„Континуираното забрзување на растот во текот на 2018 година и позитивните поместувања во првото тримесечје од 2019 година се основа за нагорна ревизија на проекцијата за економски раст во 2019 година на 3,5%. Растот на БДП се очекува да се зголеми на 4,2% во 2020 година, и во наредните две години да продолжи со посилен интензитет, односно да достигне 5%.“

Експертите го поздравуваат усвојувањето на Фискалната стратегија. Првичните оценки се дека по подолг период таа е реално поставена, но сугерираат на сериозен пристап за остварување на стратешките приоритети:

„Донесувањето на фискалната стратегија од страна на Владата е секако позитивен чекор. Ние како држава и пред тоа имавме таква фискална стратегија, меѓутоа во пракса тешко се доаѓаше до таа фискална консолидација. Се надевам дека овојпат Владата ќе остане доследна на она што е напишано во стратегијата и ќе успее да влијае на намалување на јавниот долг“, коментира универзитетскиот професор Зоран Ивановски.

Целосниот текст можете да го прочитате тука

Извор: Дојче Веле