ЕкономијаМакедонија

ФИТР со дополнителни можности за финансирање на „млади мозоци“

104views

Фондот за иновации и технолошки развој организираше консултативна дебата за новиот механизам за финансиска поддршка на младите креативци. ФИТР подготви  „Правилник за финансиска поддршка на научно-технолошката извонредност и претприемништвото кај учениците и младите“ – нацрт документ кој има за цел да ги утврди правилата според кои ќе се доделува финансиска и техничка помош на талентирани деца и нивните ментори.

Претставници на повеќе образовни институции и граѓански здруженија кои учествуваат на дебатата го оценија овој чекор како позитивен дополнувајќи го со свои сугестии и коментари кои ќе бидат земени во финализирањето на правилникот.

Целта на воспоставувањето на новата мерка е отворање на дополнителни можности за финансирање на младите креативци при што ќе бидат опфатени сите фази, од идентификување на нивниот потенцијал и можности, подготовка за учество на меѓународни натпревари и финансиска поддршка.

Оваа мерка е наменета за сите образовни установи и здруженија кои спроведуваат активности за поддршка на талентирани ученици и студенти или работат на развој на претприемачки способности кај младите, пренесе Банкометар.

Целосниот текст прочитајте го тука