- Advertisement -
ЕкономијаСветСветот на работникот

Форд ќе отпушти 10,000 работници и ќе затвори шест фабрики во Европа

Форд ќе отпушти 10,000 работници - Работник
111views

Компанијата Форд соопштила дека ширум Европа ќе отпушти 10,000 работници и дека ќе го намали бројот на фабрики на континентот од 23 на 17.

Компанијата тврди дека е на пат да ја намали емисијата на јаглероден диоксид, во наредните година дена, без вложување во кредити и плаќање на пенали и во согласност со претходниот план. 

Advertisement

Најавено е и дека до крајот на годината во понудата ќе бидат 13 нови електрични возила. 

Веста пристигнала неколку дена откако е објавено дека ќе биде сменет неодамна избраниот генерален директор Џим Хакет. Ова ќе биде втора промена на менаџментот во текот на оваа година. Првата била била во март, а сегашната е четврта од големата финансиска криза која се случила во 2008 година. 

Advertisement
Advertisement

Форд инаку се наоѓа сред реструктуирање на компанијата вредна 11 милијарди долари. Тоа би требало да помогне во брз развој на нови возила, хибридни и електрични. 

Порталот потсетува дека Џенерал Моторс продолжува да го потресува управувачката криза, бидејќи досегашниот финансиски директор заминува после две години работа. 

Advertisement