МакедонијаПравда

Формирана секторска работна група за следење и решавање на Ромските прашања

Формирана секторска работна - Работник
177views

Во Владата на Република Северна Македонија денеска се одржа првиот состанок на Секторската работна група за интеграција на Ромите. Целта на оваа група е да го примени секторскиот пристап при решавањето на прашања поврзани со Ромите во земјава. На состанокот присуствуваа министристерката за труд и социјална политика Мила Царовска, министерот без ресор за ромски прашања Музафер Бајрам, преставникот на ЕУ Делегацијата Никола Бертолини, преставници на други министерства и меѓународни и граѓански организации во земјава.

„Приоритетни области на секторската работна група за интеграција на Ромите и натаму ќе бидат образованието, вработувањето, социјалната заштита, домувањето и здравството. Решавањето на долгогодишниот проблем на лицата без документи како и вклучувањето на децата во образовниот процес”, истакна Царовска.

Секторската работна група ќе прави мониторинг и проценка на спроведувањето и напредокот на меѓусебно поврзаните области на политики и стратешки документи и ќе ги следи сите процеси. Оваа работна група треба да послужи како платформа која ќе работи на идеи за подобрување на процесот на интеграција на Ромите, на тој начин директно придонесувајќи кон општата цел, односно постигнување на повисоки социо-економски стандарди за ромското население.

Секторската работна група за интеграција на Ромите ќе биде координирана од министерот без ресор како водечка институција во соработка со министерството за труд и социјална политика.

Извор: МТСП