- Advertisement -
ЕкономијаМакедонија

Формирано здружение на банкарски клиенти „Ануитет“

112views

Од 1 септември почна со работа Здружението на банкарски клиенти „Ануитет“. Мисијата на здружението, како што информираа денеска, е заштита на банкарските клиенти и остварување на нивните права при воспоставување на деловниот однос со банките и другите финансиски институции.

 Водејќи се од секојдневните проблеми на граѓаните и компаниите кои ги имаат со деловните банки и финансиски институции, се одлучивме за основање на Здружение на граѓани кое ќе работи со единствена цел да ги застапува институционално своите членови. Визијата на Здружението АНУИТЕТ е фер и етички однос на банките кон нивните клиенти што ќе придонесе кон градење на посилна и здрава економска моќ на секој поединец, како спротивност од досегашното делување на банките во насока единствено за остварување на астрономски профити, се наведува во соопштението.

Advertisement

Здружението ги повикува граѓаните и компаниите да им се приклучат со цел да се стави крај на како што велат, едностраното неетичко делување на банките врз грбот на граѓаните.

Извор: Лидер 

Advertisement
Advertisement

Advertisement