- Advertisement -
Магазин

(ФОТО) (ВИДЕО) Франција почнала да прави заштитни маски од коноп – ја чува животната средина

Франција почнала да прави заштитни маски - Работник
131views

Француската компанија „Геошавр“ започнала да продава заштитни маски против коронавирусот направени од влакна од коноп, пренело радио „Франс прес“. 

 

Advertisement

Компанијата која е основана во 2014 година, се наоѓа во градот Лезин, во одделот Јона (Бургундија, југоисточно од Париз). Таа специјализирана е за производство на филц, платна и неткаен текстил на база на билни влакна како лана, коноп и коприви. 

Проектот за заштитна маска направен од коноп, експертите го развиле оваа пролет. Капацитетот на филтрирање на маските е 89 %. Внатрешноста на маската е прекриена со тенок слој на ткаенина за да не му смета на лицето.

Advertisement
Advertisement

Поминувањето на воздухот низ ткаенината и нејзината филтрација се обезбедуваат без употреба на било какви дополнителни средства, објаснила директорката на компанијата Стефани Говен.

Освен тоа, употребената маска не ја загадува животната средина, туку ја наѓубрува, бидејќи е биоразградлива. Во текот на нејзиното производство не настанува ниту загадувачки отпад – оваа технологија користи само вода под притисок. 

Ниска цена

Оваа француска компанија веќе произведува по 5,000 маски дневно во облик на „клун од патка“ – ова е позната стандардна маска – респиратор ПП2 која не се лепи за уста за разлика од медицинската. 

Лезин сега, помеѓу другото, исполнува нарачки примени од Белгија, Швајцарија и Италија. Помеѓу клиентите во Франција е и канцеларијата на градоначалникот на „градот на милионерите“, Ла Бол, каде се наоѓа вилата на францускиот претседател Емануел Макрон и неговата сопруга Брижит. 

Во одделот Јона веќе се произведни и испратени повеќе од 1,5 милиони маски по цена од 0,65 евра на купувачите. Цените на овие маски се пониски од медицинските маските кои се продаваат по цена од 0,8 до 1 евро. Цените на маските од коноп се намалуваат во зависност од количината на порачката. 

Компанијата вработува во главно лица со инвалидитет. Сировините кои се користат се домашни – се набавуваат од фарми кои се наоѓаат во круг од 200 километри. На овој коноп не се употребуваат никакви пестициди. Истовремено, самото одлегување на техничкиот коноп е корисно за зачувување на животната средина – оваа билка може да абсорбира огромна количина на јаглерод диоксид. Еден хектар на коноп во текот на животот може да абсорбира 15 тони јаглерод диоксид. 

 

 

Advertisement