- Advertisement -
ЗанимливостиМагазинНаука

(ФОТО + ВИДЕО) Чудо под океан! За првпат во историјата кружен тек ПОД ВОДА во светот!

(ФОТО + ВИДЕО) Чудо под океан! За првпат во историјата кружен тек ПОД ВОДА во светот! - Работник
785views

Работата на првиот подводен кружен тек е завршена под Атлантскиот океан, во склоп на работата на тунелот долг 11 километри под дното кој поврзува 2 од 18-те Фарски острови.

Кружниот тек наскоро ќе биде пуштен во употреба и не само што ќе служи за сообраќај, туку и необичниот инженерски потфат е разубавен со инсталација од локалниот уметник Трондур Патурсон. 

Во својот најдлабок дел, тунелот „Ејстуројар“ се наоѓа на 189 метри под морското ниво во океанот.

 

Во 2014 година, Парламентот на Фарските Острови ги одобри плановите за изградба на тунел кој ќе ја поврзува престолнината Торшавн со две места на островот Ејстуројар – Рунавик и Стендур.

Тунелот ќе го скрати растојанието помеѓу Торшавн кој се наоѓа на најголемиот и најнаселен остров Стрејмор, од две села на островот Ејстуројар од 55 на 17 километри.

Времето на патување ќе се скрати од еден час на 16 минути.

Во изградба е уште еден тунел кој ќе ги поврзе островите Стрејмој и Сандој. Тунелскиот систем е најголемиот инфраструктурен проект во историјата на Фарските Острови и истиот се планира да биде готов до 2024 година.

Вредноста на овие два тунела се проценува на 265 милиони долари.

Работите на тунелот кон Ејстуројар беа планирани да завршат до почетокот на 2021 година, но тие беа завршени пред крајниот рок. Тој ќе биде отворен на 19 декември, кога ќе поминат сите безбедносни проверки.

Што се однесува до вториот тунел, околу 60 проценти од работата за дупчење е веќе завршена.