ПравдаСветот на работникот

(Фото) Итен мораториум на отпуштањата и обештетување на работниците во износ на минимална плата

   Време за читање 1 минута

Секојдневно добиваме анонимни пријави за манипулирање и кршење на работничките права, како и зачестени масовни отпуштања поради новонастанатата криза. Најновата пријава е за 60 (!) отпуштени работници од фирмата „Казино Меркур” од Гостивар поради неможност да продолжи истата со работа, истакнаа од Левица во соопштението.

„Иако законски овие работници имаат право да добијат испратнина од страна на компанијата, тие се уште го немаат добиено законскиот надоместок кој им следува. Согласно информациите кои што ги добивме од работниците, оваа фирма постапувала на нечовечен начин кон овие 60 работници, при што неколку пати самите пријавувале нерегуларности во Државниот Инспекторат за Труд во однос на неисплаќање на регрес, недобивање на законски предвиден број на денови од годишен одмор, правилна наплата на дневници при работа во смени и слично. Левица случајот го проследи до Државниот трудов инспекторат и истовремено повикуваме на ИТЕН мораториум на сите отпуштања за време на настанатата криза“, велат од Левица.

Егзистенцијата на голем број граѓани е директно загрозена и недозволиво е пролонгирањето на усвојувањето Уредби од страна на Владата. Во најбрз можен рок Владата мора да усвои мерки со кои ќе ги заштити работниците кои го изгубиле своето работно место. Како една од мерките која Левица ја предлага е обештетување на работниците кои го изгубиле своето работно место во износ на минималната плата, и тоа во најбрз можен рок, псочија од Левица.

gostivar