ЗанимливостиМагазин

(Фото) Неговото богатство буквално падна од небото: Тој стана милионер преку ноќ

(Фото) Неговото богатство буквално падна од небото: Тој стана милионер преку ноќ - Работник
229views

Еден човек во Индонезија, по име Џошуа, имал среќа како малкумина во светот.

Имено, тој до неодамна заработуваше за живот со правење гајби, но неодамна огромен врел камен тежок 2,2 килограми падна во неговата куќа преку покривот.

Се испостави дека станува збор за метеорит стар 4,5 милијарди години и дека е еден од најзначајните пронајдени на планетата.
Тој го продал за околу 1,5 милиони евра, а како што изјави, дел од тие пари ги искористил за да изгради црква во неговото село, пренесува порталот Индекс. Тој и неговата сопруга, кажуваат дека сакале уште една ќерка, покрај трите деца што веќе ги имаат, и ова беше знак од вселената дека дефинитивно треба да работат на тоа.