- Advertisement -
ЗанимливостиМагазин

(ФОТО) Новата одлука на владата направи ГУЖВИ ПРЕД БАНКИТЕ, дали беше тешко да се претпостави дека ова ќе се случува?

(ФОТО) ГУЖВИ ПРЕД БАНКИТЕ, дали беше тешко да се претпостави дека ова ќе се случува? - Работник
696views

Новата одлука на владата, финансиската помош да се подигне во готовина од комерцијалните банки, предизвика огромни гужви, вербални расправии и конфликти со обезбедувањето во банките. Сето ова не оди во прилог за моменталната здравствена состојба помеѓу граѓаните кога се активни сезонските вируси и настинки. Прашањето е дали ова беше тешко да се претпостави дека ранливата категорија граѓани – пензионерите кои не се технички опремени и обучени да проверуваат состојба преку интернет, ќе излезат надвор и ќе чекаат пред експозитурите на банките?
– Средствата се уплатени на трансакциските сметки на граѓаните во комерцијалните банки, додека за оние граѓани кои немаат отворено трансакциска сметка досега, оваа услуга ќе им биде овозможена од банката во која е распореден соодветниот граѓанин, а за која може да добие информација со внесување на својот ЕМБГ на веб страницата www.kupuvamdomasno.gov.mk, соопштија од Влада.
Од банките информираат дека помошта од 6000 денари може да се искористи во готовина.
За деталите во врска со финансиската помош од 6000 ден. можете да погледнете на овој линк