МагазинНаука

(Фото) Apple воведе нова линија на „мек бук“ со нов М1 чип

Apple воведе нова линија на „мек бук“ со нов М1 чип - Работник
80views

Новата „MacBook Air“, 13-инчна „MacBook Pro“ и „MacBook Mini“ десктоп ќе бидат првите „Apple“ компјутери со новиот чипсет М1. Така, компјутерската линија им се придружи на „iPhone“, „iPad“ и „Apple Watch“.

Развојот на сопствен чип е клучен чекор за Apple, што ќе и даде на компанијата поголема флексибилност и контрола кога станува збор за развој на нови модели. Почетната цена на новата „MacBook Air“ е 999 американски долари – иста како и цената на претходниот модел што го замени.

Основниот модел вклучува 7-јадрен процесор со 256 гигабајти меморија за складирање и 8 гигабајти RAM меморија. Моделите со осум-јадрен процесор и 512 гигабајти меморија за складирање чинат од 1.249 до 2.049 американски долари (16 гигабајти RAM и 2 терабајти меморија за складирање).

За дополнителни 299 и 199 долари, машините доаѓаат со веќе инсталираните Final Cut Pro X и Logic Pro X. Како и неговиот претходник, MacBook Air ќе биде достапен во златна, сребрена и сива боја.

Apple наведува дека осум-јадрениот процесор има 4 јадра со високи перформанси и 4 јадра со висока ефикасност, што треба да ги балансира моќта и долговечноста.

Чипот М1 обезбедува исклучителни перформанси
Исто така, се наведува дека новиот чип нуди најдобри перформанси по вати од кој било процесор на пазарот и му овозможува на лаптопот веднаш да се разбуди и да се вклучи за рекордно кратко време штом ќе го отворите екранот. Сето ова треба да придонесе за подолго траење на батеријата и подобри перформанси од претходниот модел.

Има ист 13-инчен „Retina“ екран како неговиот претходник, а батеријата може да поддржува 15 часа безжично прелистување на веб и сурфање и 18 часа репродукција на видео со едно полнење.

Што се однесува до „MacBook Pro 13“, „Епл“ посочува дека тој е значително помоќен од претходниот модел кој имаше процесор „Интел“. Неговата почетна цена е 1.299 американски долари.


Новиот „MacBook Pro 13“ може да печати код многу пати побрзо, да дава комплексен 3Д материјал во Final Cut Pro и 5,9 пати побрзо и поефикасно да извршува многу други задачи.

Apple ветува дека батеријата ќе може да издржи 17 часа прелистување на Интернет и 20 часа репродукција на видео на апликацијата Apple TV со едно полнење.

Извор: rts.rs