- Advertisement -
НовостиПравдаСветСветот на работникот

Франција не се шегува: Суспендирани 3,000 невакцинирани здравствени работници

Франција не се шегува - Работник
625views

Околу 3,000 здравствени работници кои не се вакцинирани против Ковид – 19 биле суспендирани во Франција, рекол Министерот за здравство Оливиер Веран, откако државата вовела задолжителна вакцинација за сите здравствени работници во домовите за стари и немоќни. 

Владата на Претседателот Емануел Макрон го наметнала ова правило за да се зголеми стапката на вакцинирани и да се спречи новиот бран на вирусот на есен кој би можел да наштети на економското заздравување на Франција. 

„Поголемиот дел од суспензиите се само привремени. Многумина од нив одлучиле да се вакцинираат, бидејќи увиделе дека обврската е вистинска“, рекол Веран за радио РТЛ. 

Според локалниот дневник Нис Мартин, речиси 450 здравствени работници се суспендирани во Ница, на југот на Франција. 

Извор: BIZlife

Фото: Pixabay