СветСветот на работникотСиндикат

Франција ќе ги зголеми платите на здравствените работници

92views

Француската Влада одобри зголемување на платите на здравствените работници во вкупна вредност од осум милијарди евра, откако властите ја истакнаа нивната улога во борбата против коронавирусот.

Договорот, кој беше потпишан со синдикатите по неколкунеделни преговори, предвидува зголемување на платата за 183 евра месечно, јави Би-Би-Си.

Здравствените работници одржаа неколку протести, барајќи повисоки плати и повеќе инвестиции во болниците.

Досега во Франција се пријавени повеќе од 200.000 случаи на заразени со коронавирус и повеќе од 30.000 смртни случаи, поради што е една од најзагрозените европски земји.