ЕкономијаСветСветот на работникотСиндикат

Француски гигант укинува 15,000 работни места

Француски гигант - Работник
122views

Рено ќе укине 15,000 работни места ширум светот, како дел од планот за намалување на трошоците во износ од две милијарди евра, пренесува британскиот јавен сервис Би – Би – Си.

„Овој план е од есенцијално значење“, изјавила главната извршна директорка Клотилд Делбо која најавила и намалување на производството за да компанијата се фокусира кон попрофитабилни модели на автомобили.

Отприлика 4,600 работни места ќе бидат укинати во Франција, а компанијата денеска соопштила дека започнала преговори со синдикатите по ова прашање.

Од Рено се надеваат дека овој план ќе се реализира без отпуштањата, односно преку програми за доброволни заминувања, преместување на вработените внатре во компанијата и преку преквалификација.

Стратешкиот партнер на Рено, јапонски Нисан, вчера најавил големо намалување на бројот на вработени.

Од Рено, во кој фрнацуската држава има 15 % сопственост, навеле дека се размислува да се намали работната сила на шест локации. Компанијата додала дека трошоците ќе ги намали и преку редуцирање на бројот на кооперанти во областите како што е инженерингот, намалување на бројот на компоненти кои ги користат, замарзнување на плановите за проширување во Романија и Мароко и намалување на производството на менувачи на брзини ширум светот.

Рено планира да до 2024 година ги намали глобалните производствени капацитети на 3,3 милиони возила од сегашните 4,0 милиони и да се фокусира на областите како што се производство на мали комбиња или електрични автомобили, пренесува Би – Би – Си.