- Advertisement -
ЕкономијаСветСветот на работникот

Фрапорт ќе укине 4,000 работни места

Фрапорт ќе укине 4,000 работни места - Работник
165views

Германскиот аеродромски оператор Фрапорт објавил дека ќе укине помеѓу 3,000 и 4,000 од вкупно 22,000 работни места.

Фрапорт предвидува дека воздухопловниот сообраќај кој доживеал колапс поради пандемијата на коронавирусот, нема да се опорави во наредните неколку години.

Advertisement

Фрапорт во соопштението навел дека очекува обемот на авио – сообраќај оваа година да изнесува 30 – 40 отсто во однос на нормално време и дека следната година ќе биде за 50 проценти помал од вообичаено, пренесува Ројтерс.

Германската компанија која помеѓу другото е сопственик на 75 % од љубљанскиот аеродром Јоже Пучник, предвидува дека во 2022 и 2023 година сообраќајот ќе биде за 15 – 20 отсто помал од 2019 година.

Advertisement

Фрапорт управува со најпрометниот германски аеродром во Франкфурт.

Advertisement