ЕкономијаМакедонија

Фрижидерите и телевизорите се луксуз за 60% од Македонците

Фрижидерите и телевизорите - Работник
180views

12% од населението има пари едвај за храна, а 57% можат да ги задоволат потребите само за храна и облека, но немаат пари да купат ТВ, фрижидер или друг уред за домаќинство. Ова го покажа анкетата на Асоцијацијата на финансиски друштва. 44% од испитаниците рекле дека воопшто не можат да заштедат некој денар, а 35% од заштедите можат да живеат само еден месец во случај да останат без работа. Граѓаните масовно земаат кредити, дури и за задоволување на најосновните потреби.

Компаниите што даваат брзи кредити тријат раце, велат само 6% од граѓаните се обраќаат кај нив за кредити, но ги има се повеќе. По бројните поплаки дека ваквите компании вршат легален рекет и наплаќаат нереално високи камати кои тешко ги враќаат, Министерството за финансии законски ги ограничи вкупните годишни трошоци на 55% од потрошувачкиот кредит. Претходно, тие достигнуваа и до 500% од кредитот, а со измените се опфатија и малите кредити под 200 евра. Од Асоцијацијата на финансиски друштва велат дека по овие измени немало некоја подрастична промена во побарувачката и дека граѓаните навремено си ги враќале долговите.

Во анкетата, скоро 60% од испитаниците сметаат дека се просечно или слабо финансиски писмени, а 36% воопшто не обрнуваат внимание и им се неопходни дополнителни информации. И покрај тоа, Народната банка предвидува дека граѓаните и фирмите ќе продолжат да се задолжуваат, но некои и да штедат. Кредитниот раст во следните 3 години треба да изнесува 8%, а депозитниот раст над 8.5%.

Извор: Алфа