ЗанимливостиМагазин

Фризери тврдат дека косата треба да се мие на секои два до три дена, тие објасниле зошто

Фризери тврдат дека косата треба да се мие на секои два до три дена, тие објасниле зошто - Работник
28views

Jулиен Фарел открива дека, иако секоја фризура е единствена и уникатна, повеќето луѓе претеруваат со миење на косата, пишуваат од The Sun.

„Ако ја миете косата секој ден, тоа може да направи повеќе штета отколку добро“, рече тој за GQ.

„Косата потребно е да се мие на секои два до три дена“, додаде тој.

„Премногу често миење на косата доведува до нејзино сушење и пукање, а доколку вашата коса е веќе оштетена, тогаш треба да ја миете уште поретко“.

Неговите колеги се согласуваат со овие тврдења.

“Кога ќе почнете да ја миете косата секој ден, таа почнува да станува се повеќе мрсна бидејќи со миењето се суши косата. Доколку не се препотувате прекумерно на тренинг и работите во нечиста средина, навистина нема потреба да се миете секој ден”, изјави фризерот Скот Милер.

Фризер кој често работи за познати личности Пол Кучинело за женското здравје објасни дека косата може да се уништи и со прекумерно белење и пеглање.

„Исто така, прекумерното шампонирање го има истиот ефект“, додаде тој.