Наука

Фројд и современа психологија: Што не остави таткото на психоанализата?

Фројд и современа психологија: Со што не остави таткото на психоанализата?-работник
28views

„Цигарата никогаш не е само цигара“, е легендарна изјава која му се припишува на „таткото на психоанализата“ и виенскиот психијатар Сигмунд Фројд. Неговото присуство во популарната култура е неизбежно. Влијанието на Фројд е очигледно, на пример, во филмовите на Вуди Ален во кои ги дисецира неговите неврози, објаснувајќи говорни импулси и шеги како несвесни и сексуално мотивирани, толкувајќи ја симболиката на соништата.

И додека некои од неговите теории се дискредитирани, многу од идеите се релевантни и денес. Тие се патоказ за нашите умови и се’ уште се корисни и прифатени – на еден или друг начин, од сите едуцирани луѓе кои се соочени со прашањата за самоспознание и хумани мотиви.

Тој премногу го анализирал несвесното, убеден дека ништо не доаѓа „од ведро небо”: Фројд сметал дека не постојат несреќи и случајности. Дури и навидум случајните чувства, идеи, импулси, желби, настани и активности носат со себе важни, често несвесни значења. Секој  од нас имал моменти кога кажал или направил нешто несвесно (Фројдовата стапица).

Фројд открил дека самиот чин на размислување (мечтаење и фантазирање ) сам по себе е пријатен. Всушност, она што терапевтите и психоаналитичарите најчесто го гледаат е дека фантазијата ментално и физички стимулира и исполнува повеќе од реалните, живописни ситуации.

Без оглед дали терапијата на поединецот е базирана на Фројдовата психоанализа или некоја друга форма на терапија со разговор, Фројд сметал дека доказите се јасни – зборувањето помага во ублажувањето на емоционалните симптоми, ја намалува анксиозноста и го ослободува умот. Додека лековите и кратката терапија често може да бидат ефикасни во олеснувањето на симптомите, зборувањетто често се користи како моќна алатка на терапевтски однос. Лицето е целосно вклучено во третманот, а не само како збир на симптоми или дијагноза, па затоа промената е подлабока и потрајна.