ЕкономијаСветСветот на работникот

Фрчат откази во Гигафабриката: Тесла отпушта 75 отсто од вработените

Фрчат откази во Гигафабриката - Работник
290views

Компанијата „Тесла“ планира да го намали бројот на ангажирани работници во својата фабрика за акомулатори во Невада за околу 75 отсто поради пандемијата на корона вирусот.

Овој потег на компанијата следи по соопштението на нејзиниот јапонски партнер за произвдство на акомулатори „Панасоник“ дека оваа недела ќе го намали обемот на работата во фабриката во Невада, пред да ја затворат на 14 дена, пренесува Ројтерс.

Фабриката произведува електрични мотори и батерии за популарниот модел на Тесла, број 3.

„Тесла не извести дека во наредните денови во Гигафабриката во округот Стореј ќе го намали бројот на ангажирани работници во погонот, за отприлика 75 отсто“, напишал Остин Озборн во постот на веб страната на округот.

Не се наведени никакви додатни детали, па ни тоа колку има вработени во фабриката.

Тесла не одговорила веднаш на барањето на Ројтерс за коментар.

Претходно, Рено Газет журнал напишал за планираниот прекин на производството во фабриката во Невада, наведувајќи дека Панасоник таму има околу 3,500 работници, додава британската агенција.

Тесла минатата недела највила дека привремено ќе го прекине производството во својата фабрика за возила во Заливот Сан Францско од 23 март, како и во својата њујоршка фабрика за соларни кровни панели.

Меѓутоа, главниот извршен директор на компанијата, Илон Маск рекол дека компанијата повторно ќе го отвори њујоршкиот погон „што е можно побарзо поради хуманитарни потреби“ за производство на респиратори за пациенти со корона вирусот.