ЕкономијаСветСветот на работникот

„Фрчат“ откази: Најголемата европска банка отпушта 35,000 работници

„Фрчат“ откази - Работник
118views

Британската банка ХСБЦ најавила дека ќе укине 35,000 работни места и соопштила дека нејзиниот профит во 2019 година паднал за 33 проценти.

Во соопштението на ХСБЦ се наведува дека целта е намалувањето на трошоците за 4,5 милијарди долари до 2022 година во рамките на големото реструктуирање на банката и намалувањето на иматот за 100 милијарди долари, пренсува британскиот јавен сервис Би – Би – Си.

Привремениот генерален директор на ХСБЦ, Ноел Квин изјавил дека во наредните три години бројот на вработените од сегашните 235,000 ќе се намали на околу 200,000. Банката која најголемиот дел од своите приходи ги остварува во Азија, објавила дека годишната добивка пред оданочувањето изнесувала 13,35 милијарди долари.

Додала дека падот на профитот во главно е последица на нејзините инвестициски и комерцијални банкарски работи во Европа, како и дека отпишала 7,3 милијарди долари во делот на работите на глобалното банкарство, пазарот и комерцијалните банкарства на Стариот континент.

На финансискиот резултат влијале и пролонгираното истапување на Велика Британија од Европската унија, историски ниските камати ширум светот, како и избивање на епидемијата на коронавирусот. ХСБЦ моментално работи во повеќе од 50 земји ширум Северна Америка, Европа, Блискиот исток и Азија.

Во централата во Велика Британија вработени се повеќе од 40,000 луѓе. Најавеното отпуштање на 35,000 работници е поголемо од колку што се очекувало и претставува околу 15 проценти од работната сила. Аналитичарите очекувале дека ХСБЦ ќе укине околу 10,000 работни места, наведува Би – Би – Си.