ЕкономијаМакедонија

Халкбанк нуди нов станбен кредит со најниски камати

Халкбанк - Работник
273views

Без оглед дали за прв пат го решавате станбеното прашање, размислувате за купување поголем стан, можеби куќа или деловен простор, или сакате да извршите рефинансирање на станбениот кредит кој веќе го имате, искористете ги идеалните можности кои ги нуди новиот станбен кредит на Халкбанк со пакет полиса за осигурување бидејќи истиот сега е со уште подобри услови, креирани за посткризниот период.

Овој производ во моментов е со најповолни услови на пазарот – со најниска каматна стапка од 3,2% фиксна за првите 10 години и 4 процентни поени + променлива стапка на 6 месечен Еурибор за останатиот период и истиот е БЕЗ трошоци за проценка и БЕЗ трошоци за одобрување. Максимален износ на кредитот е до 140.000 евра, со рок на отплата до 30 години, постои можност за грејс приод од 12 месеци, а минимумот на учество изнесува 10% од бараниот износ.

Она што секој кој сака да земе станбен кредит најмногу го интересира, секако е висината на ратите, за да може да направи проценка на можностите на семејниот буџет.

На станбен кредит со пакет полиса за осигурување од 40.000 евра, за кој потребното учество е 4.000 евра, првите 120 месеци, ратата на кредитот е фиксна и изнесува 173 евра. По истекот на овие 10 години, останатите 240 месеци, ратата на кредитот зависи од висината на Еурибор каматната стапка, која е секојдневно детерминирана и јавно се објавува од страна на Европската Централна Банка. Односно, каматната стапка на кредитот се пресметува како збир од важечката стапка на 6 месечен Еурибор на последниот ден од месецот од секоја година, зголемен за 4,0 процентни поени. Доколку шестмесечната Еурибор каматна стапка, како во моментов, е негативна, се пресметува со 0%. Односно, ратата по истекот на 10те години би изнесувала 186 евра“, објаснува Маја Степаноска, соработник за работа со население на Халкбанк.

Или, доколку ви е потребен поголем кредит, од на пример 60.000 евра, при учество од 6.000 евра, за истиот период на отплата, ратата за првите 10 години би изнесувала 259 евра, додека за останатиот период 278 евра.

Во моментов понудата за станбени кредити на нашата банка е најдобра со оглед дека на пазарот, кога станува збор за станбени кредити, каматите се со стапки од 3,3%-3,5% фиксни за првите 10 години, додека за останатиот период, каматните стапки се движат во интервал од 5,2%-6%. Дополнително, овој производ е и со најниска стапка на вкупни трошоци (СВТ) во земјава, без разлика дали се работи за рок на отплата на 10, 20 или 30 години. Односно, СВТ за кредит со рок од 10 години изнесува 3,25%“, додава Степаноска.

Посебна предност кај овој кредит е што со него клиентот добива и пакет полиса за осигурување што претставува заштита и за клиентот и за целото семејство и истото покрива осигурување од незгода, односно во случај на траен инвалидитет над 30% или, пак, во случај на неможност за враќање на кредитот поради смрт од незгода или друга причина.

Цената на пакетот полиса за осигурување, покрај од износот и рокот на кредитот, зависи и од полот и возраста на клиентот. Поволност е тоа што во соработка со Халк Осигурување АД Скопје, нудиме отплата на износот на еднакви годишни рати. Па така, за веќе наведените примери, односно за кредит од 40.000 евра и рок на отплата од 30 години, годишната рата, доколку кредитобарателот е жена изнесува 100 евра, односно 111 евра доколку барателот е маж. Кај кредит од 60.000 евра, годишната рата е 150, односно 166 евра, зависно од тоа дали кредитобарателот е жена или маж“, вели Степаноска.

Новиот исклучително поволен кредит на Халкбанк можат да го искористат и сите оние кои веќе имаат станбени кредити во други банки, земени по повисоки каматни стапки какви што беа во претходните години.

Халкбанк има склучено и соработка со голем број градежни компании и доколку сакате да купите стан во зграда која е во тек на градба, Банката прифаќа хипотека со лист за предбележување како обезбедување за становите од компании кои се наоѓаат на листата на Банката.

Критериумите за кредитоспособност не зависат од намената на кредитот – дали се купува постоечки или стан во градба од страна на компании со кои Халкбанк има склучено Договор за соработка. Поволност, доколку се купува стан од компанија од оваа лист, е тоа што Банката, како документ по кој се врши заложување на обезбедувањето, покрај Имотен лист, прифаќа и Лист за предбележување кој е доказ дека конкретниот стан е сé уште во градба“, додава Степаноска.

Новиот станбен кредит на Халкбанк, сега со уште поповолни услови, ќе ги задоволи вашите потреби. Затоа, размислете и искористете ја најдобрата понуда која ќе ви помогне многу полесно за себе и своето семејство да обезбедите сигурност на сопствениот дом.