Хаос во Германија: Голем германски производител на автоделови затвора фабрики и укинува илјадници работни места
Производителот на автоделови “ZF” е основан во 1915 година во Сарбрикен на Боденското езеро. Долго време, “ZF” е синоним за германскиот квалитет и првата инсталација на, на пример, менувачи во автомобили како “BMW”.
“ZF” е тешко погоден од кратењата на еден од најважните партнери – “Volkswagen”. Поради намалените нарачки сега треба да отпушти од 11.000 до 14.000 вработени, додека фабриката во Гелзенкирхен ќе биде затворена на крајот на годината, пишува “Revija HAK”.
На други локации, каде работат речиси 169.000 вработени во компанијата, постои голема грижа за иднината. “ZF”, како и многу други компании во германската автомобилска индустрија, не го издржа чекорот со електрификацијата и сега мора да страда поради тоа.
„Сè уште мислам дека имаме силна основа на која треба да застанеме во иднина“, изјави Холгер Клајн, директорот на компанијата, но очигледно никој не му верува.
Компанијата најави дека ќе затвори уште една фабрика во 2027 година. Се наоѓа во Еиторф во провинцијата Северна Рајна Вестфалија, пишува “Merkur.de”.
Извор: tocka.com.mk
- Неделков: Некои работи не се забораваат така брзо и лесно! - 17/04/2025
- ЛЕГЕНДАТА НА ГЕРМАНСКАТА АВТОИНДУСТРИЈА ОДИ ВО БАНКРОТ: Ги затвараат сите филијали по 92 години работа - 17/04/2025
- КРИМИНАЛНА ШЕМА ВО ХРВАТСКА: Над 100 странци вработени со фалсификувани документи, меѓу нив и Македонци - 17/04/2025