„ХАСЛ“ култура: Дали е ова крај на работната етика „Стани и рмбај“?
- ИНТЕРВЈУ – Димитров: Ако се зголемат платите бизнисот ќе треба да крати од повисоките и да ги отпушта слабите работници за да ги исплати - 03/09/2024
- ИНТЕРВЈУ СО ДАНЧЕ АЗМАНОВА МИРЧЕВСКА: „Зборувањето за подобрувањето на условите за родителите не е доволно, потребно е преземање акции“ - 02/09/2024
- Прогнозата дека увезените работници ќе бегаат од Македонија се оствари, дали ќе се оствари и ова? - 03/08/2024
Будење во четири наутро, пиење кафе и зелен сок, вклучување на повеќе екрани истовремено за низа видео повици и стратешки сесии: вие му се предавате на „хасл“ за да изградите империја мотивирана од јасно зацртана мисија и искористување на сопствената сосредоточеност на постигнувањето успех за да го остварите сето тоа.
На кој му треба сон кога ќе заработите милијарди долари?
Наративот „хасл“ култура ја промовира идејата дека секогаш постои нешто ново кон што можете да тежите: заработување повеќе пари, стекнување на поголема титула или унапредување, за да обезбедите повиок плафон за успех.
Иако сите претприемачи не го прифаќаат овој архетип, некои експерти тврдат дека некои луѓе и понатаму чувствуваат притисок од повеќедеценискиот ефект на потполната посветеност на работата, често на штета на другите фактори во нивниот живот.
Тие истакнуваат дека овој ментален склоп, во главно, потекнува од технолошките стартапи од Силиконската долина, а се шири преку социјалните мрежи.
Но, тие истакнуваат и дека свесното претерување на работа – и фалењето дека се прави тоа – може да има негативни последици по менталното и физичкото здравје на работниците и дека како последица може да ја изгуби привлечноста, особено меѓу некои вработени од маргинализираните групи и малцинските потекла.
Во ера на пандемијата, многу луѓе започнале да ги преиспитуваат приоритетите во она што го сакаат од работата и животот: тие се‘ повеќе даваат откази од токсичните работни места, избегнуваат прекумерни работни задачи, ги зајакнуваат границите и пронаоѓаат повеќе време за приватните животи и хобија.
При тоа, експертите тврдат дека економската неизвесност и поголемата свест за нееднаквоста може исто така да направи идеите и вокабуларот на менталитетот „стани и рмбај“ да делуваат застарено и вон допир со реалноста.
Филозофијата „стани и рмбај“ (rise-and-grind)
Експертите велат дека претприемачкиот бум во деведесетите и раните двелијадити ги поставил темелите на наративот за „хасл“ кулурата.
Тие истакнуваат дека подигањето на финансирањето на компаниите со ризичен капитал (venture capital) помогнал во градењето на технолошките титани во Силиконската долина како што се Гугл и Фејсбук кои воспоставиле доминација.
Овие масовни успеси – славни по интензивната работна култура на која ѝ го посветувате целиот живот – ја зацврстиле Северна Калифорнија на позицијата светски центар за иновации и претприемништво.
„Силиконската долина стекнала имиџ врз парадигмите на економијата, ударните острици на технологијата“, вели Ник Срничек, предавач по дигитална економија на Кралскиот колеџ во Лондон и коавтор на новата книга „После работа“.
„Таа водечка позиција значи дека што и да се случи во Силиконската долина, истото ќе се почувствува насекаде низ светот“.
Културата на работа во текот на 24 часа, 7 дена во неделата и борбата за освојување на средства за финансирање, на многумина им станале пример на бизнис модел.
„Тоа ја легализираше идејата дека, за да бидете успешни и да остварите нешто значајно, морате да работите прекувремено“, вели Срничек.
Тајната на успехот, според некои основачи?
Работите предадено и кога мислите дека сте дале се‘ од себе, потурнете уште посилно.
„Според идеологијата на ‘хасл’ културата, луѓето не се форсираат да работат заради економска мотивација, туку просто бидејќи тоа е начинот амбициозните да го остварат она што го наумиле“, додава Срничек.
Хиџунг Чанг, професорка по социологија и општествени политики на Универзитетот во Кент, во Велика Британија која ги истражува пазарот на труд и социјалните држави, се согласува со ова.
„Луѓето ја прифатиле идејата дека морате да се посветите само на работата, а да жртвувате се‘ друго“.
Со текот на времето тој наратив само растел: „Со подигнувањето на LinkedIn, Instagram и TikTok, наративите за ‘хасл’ културата експлодирале“, вели Данијела Хејг, главен психолог во DH Konsalting, лондонска консултанска фирма специјализирана за развој на лидерство и благосостојба на работа.
„А потоа тој почнал да се храни со несигурностите на луѓето во врска со сето тоа што го немаат и што не го прават“.
Дали поминува времето на глорификување на „хасл“?
Забраните за движење во текот на пандемијата им пружиле на многу работници време и простор да ја преиспитаат рамнотежата помеѓу работата и животот.
И затоа што тој период бил проследен од стресот поради финансиска несигурност, експертите велат дека некои луѓе откриле дека „хасл“ културата повеќе ги исцрпува отколку што ги прави силни.
„Од Ковид – 19, луѓето започнале да ја отфрлаат „хасл“ културата и да се штедат – не биле повеќе спремни да ги извршуваат своите работни задачи кои ништо не им значат и започнале да поставуваат граници помеѓу себе и токсичните наративи“, вели Брукс И. Скот, калифорниски инструктор за раководители и експерт за меѓучовечка комуникација.
„Тие увиделе дека ‘хасл’ културата повеќе не функционира како клучна состојка за остварување на успехот“.
Анкетата која во 2022 година била спроведена на 2,000 американски работници од страна на осигурителната компанија Пруденшел покажала дека 70 % од американските работници како приоритет ги поставиле или планираат да ги постават приватните животи пред работата и кариерата; 20 % рекле дека се спремни да земаат помали плати ако тоа значи дека ќе имаат подобра рамнотежа помеѓу работата и приватниот живот.
„Еден од начините на размислување за работата е дека таа на работниците им пружа две награди: една е платата; и, помалку познатата, смисла и заедница“, вели Данијел Марковиц, професор по право на Јејл и автор на книгата „Стапицата на меритократијата“.
„Лицето кое работи исклучително за плата се третира себеси како средство, а не како личност и посветува се‘ повеќе време од возрасните години во стекнување на тоа средство – а тоа е отуѓувачки начин на живот кој може да го направи лицето побогато, но не и здраво“.
После пандемијата, се‘ повеќе луѓе бараат вистинска рамнотежа помеѓу работата и животот, дел како реакција на тие размислувања, вели тој.
„Одговорите одат подлабоко отколку што тоа го признава изразот ‘рамнотежа помеѓу работата и животот’. Тие не се трудат да посветат повеќе време и внимание на другите нешта освен работата – ним во рамките на работата приоритет им станува смислата и заедницата, а не платата“.
Некои податои покажуваат и дека вработените се обидуваат да ги избегнат обврските наместо да се вложат целосно во работата.
По неколкугодишниот раст на трендот, ангажирањето на вработените во САД го доживеало првиот годишен пад после децении – опаѓајќи од 36 % на ангажирани работници на 34 % во 2021 година, според истражувањето на Галуп спроведено на отпрлика 15,000 американски постојани вработени и хонорарни работници.
Тај образец продолжил и во 2022 година, кога ангажирани биле 32 % од постојано вработените и хонорарните работници, додека 18 % биле активно неангажирани.
Плус, додека некогаш во културата на работните места доминирале слоганите како што се „стани и рмбај“, на социјалните мрежи се појавиле нови клучни зборови како што се „тивок отказ“, „мек живот“ и „понеделници на основен минимум“, тренд во понеделник да се работи минимално, за да се избегне чувството на согореност пред викендот.
„Сите овие трендови сугерираат дека вработените започнуваат да ѝ даваат отпор на ‘хасл“ културата, не работејќи повеќе еден куп на работи кои ништо не значат и наместо тоа ставајќи акцент на сопственото ментално здравје на работното место“, вели Скот, кој верува дека популарноста на ‘хасл’ културата ќе продолжи да опаѓа.
„Не верувам дека ќе се вратиме на она што беше претходно“, вели тој.
„Се‘ поголемо е сфаќањето дека, за да напредувате, морате да имате и малку креативен простор за одмор, повторување и размислување – а не можете да правите ништо од тоа ако сте постојано зафатени“.
Меритократија?
Некои експерти се‘ уште тврдат дека одредената изложеност на широко распространетата нееднаковст во текот на пандемијата ја оспорила идејата за „хасл“ културата како меритократија – идејата дека било кој, било од каде и да потекнува, кој вложува одреден напор, може да оствари голем успех со ресурсите кои веќе ги има на располагање.
На пример, заедниците со пониски примања и малцинските заедници се соочувале со големи економски бариери во последните неколку години, а и тие кои се грижат за другите имале проблеми во текот на целата пандемија, што создало дополнителен товар на постојаните тешкотии на претпримеништвото.
„Занимањата и работите кои бараат многу часови работа автоматски ги истиснуваат жените и мајките“, истакнала Чанг.
При сето тоа, за стартапите кои се обидуваат да обезбедат финансии, некои податоци укажуваат на тоа дека на белците им е многу полесно да обезбедат средства: еден извештај од 2019 година покажал дека стартапите кои ги водат жени, како и оние кои ги водат основачи од малцинска заедница, како Латино и другите заедници, добиваат помалку финансии.
Податоците на непрофитната организација за истражување на претприемништвото Диџитал Андивајдид покажува дека конкретно основачите од Латино и Афро-американско потекло добивале само 0,43 % од вкупните вложувања во venture capital во 2020 година.
А во последните неколку години, финансирањето опаднало уште повеќе за некои основачи од малцинските заедници, вклучувајќи ги и Афро-американските претприемачи.
Севкупно гледано, вели Марковиц, „се поголемо е прифаќањето дека индивидувалниот труд не може да ги победи тие нееднаквости“.
Пандемијата, објаснува тој, била „прилично катастрофална емпириска реакција на идејата дека трудот на поединецот, неговата претприемчивост и напорната работа одлучуваат кој ќе напредува, за сите да имаат еднаква шанса за успех“.
Еволуција – не исчезнување на „хасл“ културата
Се разбира, „хасл“ културата не исчезнала во потполност.
И понатаму постојат примери на луѓе кои веруваат во пристапот „стани и рмбај“ и го промовираат – вклучувајќи ги оние со големи платформи.
Во март, Хардик Пандја, виш потпретседател за дизајн во една од најголемите индиски образовно – технолошки компании Унакадеми, објавил твит во кој напишал дека „оние кои велат оти не треба да се работи преку викенд никогаш не искусиле што е фантастична работа“.
Таа објава започнала огромна расправа и имала 1,2 милиони прегледи во времето на пишувањето на овој текст.
Но повторно, севкупно гледано, експертите велат дека постојаната работа и јурењето по професионални предизвици кои важат поеднакво за сите станале културолошки помалку посакувани за некои луѓе.
Чанг верува дека работата од дома одиграла клучна улога во опаѓањето на тој тренд, бидејќи вработените имале поголема контрола над сопствените работни часови и рутина.
„Работниците увиделе дека помалкуте работни часови или шетањето за време на паузата за ручек им помагаат полесно да ја обават работата“, вели таа.
„Тие сфатиле дека, да, сакаат напредување, но сакаат и да поминуваат време со семејствата“.
Прекувремната работа и интензивната посветеност на работата биле ултимативни статусни симболи за многумина, но после неколку тешки години – и нови економски промени и потенцијални откази кои се на повидок – се чини дека на некои луѓе поважни им се здравјето и семејството од „хасл“ културата.
Извор: BBC на српски