
Хелсинки е блокиран - Работник
194views
Штрајковите на вработенте во сообраќајот денеска практично го запреле целиот Хелсинки и ја натерале авиокомпанијата Финер да откаже речиси 300 летови.
Штрајковите за поддршка на 10,000 работници на поштата ги запреле автобусите и траектите во финската престолнина.
Финер соопштил дека откажувањето на летови ќе погоди најмалку 20,000 клиенти и дека штрајкот ќе влијае на „неколку критични услуги“ на хелсиншкиот аеродром, чворот за летовите помеѓу Европа и Азија.
Вработените во поштата веќе две недели се наоѓаат во штрајк поради платите, а вчерашните преговори не вродиле со плод. Не е познато колку штрајковите ќе траат.
Advertisement