- Advertisement -
МакедонијаПравдаСветот на работникот

Хелсиншки комитет: Законот за заштита од дискриминација ги отсликува барањата на невладиниот сектор

Хелсиншки комитет - Работник
199views

На вчерашната владина седница беше усвоен предлог – Законот за спречување и заштита од дискриминација, закон кој беше укинат мај годинава поради косење со одредби од Уставот. Сега Собранието треба да го изгласа, за да потоа стапи во сила. 

Хелсиншкиот комитет, како дел од невладиниот сектор, учествувал во работната група за подготовка на законот, а и понатаму бил консултиран за евентуални дополнувања и предлози откако законот бил укинат во мај годинава, велат од Хелсиншкиот комитет за човекови права. 

Advertisement

„Преку Мрежата за заштита од дискриминација, дадовме предлози за дополнување на одредбите кои се однесуваат на изборот на членови на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација. Поконкретно, предлозите се однесуваа на начинот на кој се разгледуваат примените апликации и начинот на кој се прави рангирање и предложување на најдобрите кандидати, а се со цел да се изберат најдобрите и најквалификуваните кандидати“, велат од комитетот. 

Според нив, предложениот текст на законот го отсликува она за што тие како граѓански сектор се залагаат и сметаат дека законот нуди соодветна заштита од дискриминација за најмаргинализираните.

Advertisement
Advertisement

Како граѓанска организација, се залагаат во Комисијата да бидат избрани најдобрите кандидати, кои имаат долгогодишно искуство во областа на дискриминацијата и заштитата на човековите права воопшто, а добро би било да има и претставници од граѓанскиот сектор. Истакнаа дека целат кон тоа составот на Комисијата да го отсликува диверзитетот на нашето општество и во неа да влезат членови кои се дел од маргинализираните групи или истите ги застапуваат. 

Инаку, според податоците на Хелсиншкиот комитет за човекови права, за јуни и јули, најголем дел од дискриминацијата се случувала во работните односи. Во јуни имало 7 случаи на дискриминација, а 85,71 % од жртвите биле подлегнати на родово базирана дискриминација. Во јули, имало исто 7 случаи на дискриминација во работните односи, а 57,14 од жртвите биле родово дискриминирани. 

Бобан Илијевски

 

Advertisement