СветСиндикат

Холандскиот полициски синдикат побара дополнителна обука за одбивање на пристапот на насилните банди

Холандскиот полициски синдикат - Работник
56views

Холандскиот синдикат на полициски службеници побараа додатна обука по прашањето за одбивање на пристапот на насилните банди, откако што во полицискиот извештај било заклучено дека неодамнешите откази поради корупција и кршење на сигурносните протоколи кои биле врачени на десетци полицајци се покажале како „врв на карпата од мраз“, пишува The Guardian.

Холандскиот весник Алгмен Дагблад (АД) напишаа дека поверливиот полициски извештај го потврдил сомнежот дека организирани криминалци се инфилтрирале во полициските управи ширум државата. Само во централните холандски полициски станици е утврдено дека 19 полицајци биле поврзани со криминалното подземје.

АД пишува дека во текот на минатите неколку недели, десетици полицајци биле суспендирани или отпуштени поради сомневање дека се вплеткани во корупција, проневера, непрофесионално однесување, кршење на канцеларските тајни, занемарување на должностите и злоупотреба на полициските компјутери.

Повеќе рагнираниот полицаец од Утрехт бил отпуштен поради откривањето дека бил на платен список на криумчарот на дрога Ридоуана Тагхи, полициски наредник и три пониско рангирани вработни во полицијата во Луксембург се суспендирани поради сомневање за непрофесионално однесување, а во Амстердам се уапсени и суспендирани голем број на полициски службеници поради сомнеж дека поседувале тешки дроги, лажирале документи, неовластено ги користеле службените компјутери и откривале поверливи информации.

Извештајот вели дека низата на суспензии и откази е веројатно само “врв на карпата мраз“ и дека истражителите моментално спроведуваат неколку активни истраги. Посредникот на синдикатот на полицијата НПД, Јан Струјис за АД рекол дека полицијата мора да ја подбри отпорноста на полицјаците кои се на потајни прилази на оргинизираниот криминал кои се случуваат на сите нивоа на командниот ланец.