Правда

Хонгконг: Од мирен протест до ескалација во насилство

Хонгконг: Од мирен протест до ескалација во насилство - Работник
168views

После десетнеделниот протест во Хонкконг дошло до тоа милиони да маршираат по улиците каде избиле се посилни пресметки помеѓу радикалните демонстранти и полицијата. Дошло и до окупација на меѓународниот аеродром во кој последните неколку денови се откажани стотици летови. Протестот кој требало да има демократски предзнак, ескалирал во насилство и бунт кон полицијата.

Спорот настанал на почетокот од јуни, после одбивањето на предлог законот кој би овозможил да во текот на казнениот прогон, обвинетите од Хонгконг можат да бидат екстрадирани во Кина. Од тогаш барањата значајно се прошириле за да се осуди намалувањето на слободата, како и надлежноста на Кина во Хонгконг.

Барањата на демонстрантите се прошириле на задржување на слободата и демократската стекнатост, како што е слобода на говорот и независност на државното судство. За кинескиот Претседател Хи Џининг ова е најголем предизвик откако е избран во 2012 година. Трговската војна со САД е во тек, а протестот и притисокот од Хонгконг не попуштаат.

Средишната влада во континетална Кина станува се повзнемирена поради ситуацијата во полоавтономнит град. Кинескиот амбасадор во Велика Британија предупредил во четвртокот дека ако ситуација во Хонгконг додатно се влоши, „имаат доволно решенија и доволно сила во рамките на Основниот закон за брзо да се угаси немирот“.

Без оглед што кинеските власти зборуваат за почитување на законските рамки, забележано е собирање на војска на границата со Хонгконг.

„Ако не користат насилство, нема да корстиме сила“, порачала полицијата.

На се посилните протести плицијата возвратла со секојдевно користење на солзавец. Носителите на должности признаваат дека полицијата е емоционално и физички уморан после повеќенеделните судири. Претставниците инсистираат на тоа да градската полиција која брои околу 30,000 полицајци во унифрома, да ја држи ситуацијата под контрола.

„Не сме во полна мобилизација“, рекол еден полицаец, тврдејќи дека само мал дела на службениците се распоредени да се носат со демонстрациите кои избиваат од ден во ден.

Американскиот Претседател Доналд Трамп досега не ги конментирал немирите во Хонгконг и рекол дека на Пекинг не му требаат совети, додавајќи дека демонстрантите „бараат демократија“.

Демонстарните на аеродромот не бирале средства за борба, а случајните патници – минувачи биле во шок

Вработените во државните служби, на кои им било наложено да останат политички неутрални, сеедно се придружиле на протестот. Биле помеѓу демонстрантите кои жестоко возвратиле на полицијата. Ваквата ситуација лошо влијае врз азискиот пазар, како и на општиот мир. Се чека кој прв ќе попушти.