Светот на работникот

Хотелските работници во Хаваи постигнаа договор од соништата со работодавачите

Хотелски работници - Работник
176views

Хотелските работници во Хонолулу, Хаваи кои се бореле за поголеми плати и подобри работни услови, вчера го ратификувале новиот договор.

Синдикатот кој ги претставува работниците, рекол дека новиот договор ќе покрие околу 2,000 работници.

Преговарачките комитетите се сретнале со многу оддели за да дојдат до условите кои работниците ги сакале во однос на платите и зголемување на бенефициите, зачувување на работните места, вклученост на работниците во имплементацијата на новите технологии и автоматизација и т.н.

„Работевме заедно за да направиме еден добар договор кој ќе не зближи во целта да направиме подобри работни места и подобар живот во Хаваи“, рече Ларенс Каноа, хотелски работник.

Договорот ќе трае четири години.

Синдикатот додаде дека ќе има провизии и за сменските работници.

„Договорот навистина ќе му помогне на моето семејство. Мојот свршеник и јас, двајцата работиме во ХЦЦ хотелот. Поради новиот договор, моето семејство ќе добива 1,400 долари месечно, почнувајќи од јануари следната година, бидејќи ќе имаме бесплатно здравствено осигурување. Да се има работа која ги нуди сите поволности е остварување на сон“, рече Сесил Линарес, работничка во хигиеничарска компанија, ангажирана од хотелите.