СветСветот на работникотСиндикат

Хрватската Влада и образовните синдикати постигнаа договор

Хрватската Влада - Работник
94views

Претставниците на образовните синдикати и хрватската Влада вчера постигнале договор за прекин на штрајкот во хрватските училишта кои траел од 10 октомври. 

Иако Владата и Премиерот од почетокот на штрајкот одбивале преговори за барањето на синдикатите за зголемување на коефициентите на сложеност на дејноста за 6,11 отсто, компромисот кој синдикатите го прифатиле подразбира зголемување на коефициентите, но во три етапи – три отсто од 1 декември, еден отсто од 1 јуни 2020 година и уште два отсто од 1 јануари 2021 година.

Растот на коефициентите се однесува на наставниот кадар, додека техничкиот персонал ќе добие исто зголемување, но преку основицата и додатоците.

Освен материјалните прашања, пакетот опфаќа и усвојување на акционен план против насилството во училиштата, но и промена на правилата за просветната инспекција и укинување на анонимните пријави кои наставниците ги истакнале како најголеми проблеми во својата работа.

Со овој пакет, Владата уште порано најавила дека во 2020 година, во три етапи ќе ја зголеми основицата за 6,12 отсто за сите вработени во државните и јавните служби.