ПравдаСветСиндикат

Хрватската полиција најавува штрајк во текот на преседавањето на ЕУ

Хрватската полиција - Работник
151views

Синдикатот на полициските службеници на Хрватска соопштил дека го поддржува штрајкот на просветните работници кој влезе во вториот месец и најави дека ќе спроведе анкета помеѓу своето членство за учествување во тие протести.

Синдикатот на хрватската полиција порачува дека, зависно од резултатите од анкетата, ќе покрене одредени акции кои ќе се интензивираат кога Хрватска ќе го преземе преседавањето со Советот на Европската Унија од 1 јануари следната година, пренел хрватскиот портал Дневник.