ЕкономијаСветСветот на работникот

Хрватска добива автомобилски гигант: Римац ќе отвори 2,300 работни места

Хрватска добива автомобилски - Работник
38views

Основачот и директорот на Римац автомобили, Матер Римац ја претставил планираната изградба на погон на оваа компанија. 

Тој го претставил планот на состанокот кој го одржал со премиерот на Хрватска, Андреј Пленковиќ.

Во него ќе биде седиштето на компанијата, модерни истражувачко – развојни одделенија, паметна фабрика за високотехнолошки компоненти и електрични автомобили, како и дополнителни пропратни содржини.

Вложувањето во проектот на погонот ќе овозможи реализација на се поголемиот број на проекти со кои се бави компанијата на Римац, како и сериско производство.

Од хрватската влада рекле дека се планираат да се отворат вкупно 2,300 работни места за високообразовани стручни кадри, пренесува Бизнис инфо. 

Компанијата планира и изградба на центар за испитување на технологија и компоненти за електрични автомобили кои се потребни за задоволување на се поголемата побарувачка за нејзните услуги и проширување на испитувањето на батериските системи, погонски системи и еколошка прифатливост на таквите системи. 

Наведено е дека инвестициите кои компанијата Римац автомобили ги планира имаат поширок контекст за развој на локалниот и националниот сообраќај, но и образовни и развојно – истражувачки инфраструктури, а пермиерот Пленковиќ изразил поддршка на развојните иницијатици и инвестициите на компанијата Римац автомобили и најавил институционална поддршка на сите инвеститори кои во Хрватска развиваат и применуваат најнова технологија“.