- Advertisement -
НовостиПравдаСветСветот на работникотСиндикат

Хрватска добила синдикат на мигранти

Хрватска - Работник
564views

Откако повеќе стотина илјади хрватски граѓани се вработиле во странство, било само прашање на време кога Хрватска ќе добие синдикат на мигранти. 

Мразот го пробиле Вараждинците кои се збиваат во редови, бидејќи луѓето кои се вработиле во Австрија и Словенија, било како дневни мигранти или трајно, започнале да добиваат решенија да плаќаат данок и во Хрватска. 

Во Вараждинската жупанија и Меѓуморје, бројот на дневни мигранти се мери во илјадници и сите тие верувале дека со плаќање на данок во земјата во која работат дека немаат обврска кон Хрватска. Меѓутоа, тоа не е баш така. 

Според хрватските прописи, сите хрватски државјани, даночни резиденти кои примаат некој приход од странство или во странство, мораат за тоа да ја информираат даночната управа, пишува Вечерњи лист. Со влезот на Хрватска во Европската унија, сите држави членки се обврзале дека меѓусебно ќе разменуваат податоци за платите, пензиите, каматите и имотите кои државјаните на една земја членка ги оствариле на територијата на друга. Било потребно време системот на размена на податоци да се разработи, но сега заживеал во полна мера, така да лицата кои претходните години остварувале било каков странски приход, можат да очекуваат повици од Даночната управа. 

Во Загреб пристигнале бројни листи со имиња на сите хрватски државјани кои во 2017, 2018 и 2019 година оствариле приходи во странство. Откако ќе ги добијат листите, на хрватските даночни власти ќе им биде потребно некое време за да ги споредат со Личниот идентификациски број и да го проверат даночниот статус на секој државјанин поединечно. Луѓето кои се одјавиле од Хрватска и станале даночни резиденти во земјата во која работат можат да бидат мирни, но повици и даночни решенија сите оние кои не го регулирале својот статус. 

Резидентноста поточно го одредува местото на плаќање на данокот, а во 90% од случаите даноците исклучително се плаќаат во земјата во која е остварен приходот, но во 10% од случаите право на одданочување имаат двете земји, онаа во која човекот работи и државата каде што е даночен резидент. Самец кој вон Хрватска ќе помине 183 дена во годината, без проблем добива отпис од хрватскиот регистар. Лицето кое во Хрватска има куќа или стан, деца кои одат во училиште, во Хрватска остварува приходи од наем на имот, користи здравствено осигурување и слично, останува хрватски резидент без оглед на тоа што работи и живее во Австрија, Словенија…

На статусот на резидентност влијае и тоа каде се наоѓа седиштето на животни интереси на даночниот обврзник, каде му е семејството и слично. Неспорно е дека кај дневните мигранти, тоа е во Хрватска. Се повеќе држави се вклучуваат во системот на разменување на податоци, така да во Загреб не стигнуваат податоци само до ЕУ, туку и од пошироко, како на пример од Јапонија, Емиратите… Колку хрватска државјани оствариле приходи во странство, ќе се знае кога ќе се обработат сите пристигнати податоци. 

Доставување на решенијата преку пошта

Според договорите за избегнување на двојното одданочување, никој не плаќа двапати данок за ист приход, но државите имаат право да ја дооданочат разликата на данокот на своите резиденти. Платите во Словенија, Австрија или некоја трета земја се поголеми од тие во Хрватска и тука настанува проблемот. Поедноставно ова значи дека на полниот приход кој е примен во странство, хрватската даночна управа мора да ги примени хрватските даночни стапки и од добиената обврска, да ги одземе даноците платени во други земји. 

На хрватскиот резидент му се признава правото на лично одбивање, издржување на членовите на семејството и други даночни олеснувања кои ги имаат луѓето вработени во Хрватска. Ако се покаже дека лицето прима странски приходи неколку години, разликата може да биде голема – и до 33,412 евра, на што предупредил и првиот човек на синдикатот на мигранти Фрањо Лазар кој ќе бара помош од Саборот. Даночната управа ги повикала сите кои изминатите години оствариле некаков приход во странство, а не се одјавиле од регистарот на даночни обврзници, сами да го пријават и покрај тоа што доцнат неколку години, бидејќи на тој начин ќе избегнат плаќање на камата и прекршочни постапки. 

Синдикатот на мигранти тврди дека на некои луѓе им пристигнале долгови на имот, без пред тоа да бидат известени. Даночниците велат дека секое издадено решение поседува потврда од пошта дека на адресата на лице е испратено или известување за да се јави или решение. Инаку, решенијата се доставуваат два пати, а второто е извршно. Пензиските придонеси, според меѓународните правила, се плаќаат во земјата во која работникот работи, независно од државјанството или резидентноста.

Извор: b92.net

Фото: Melinda Nagy/Shutterstock