СветСветот на работникотСиндикат

Хрватска е помеѓу шестте земји на ЕУ каде платите се помали од пред 10 години

Хрватска - Работник
149views
Институтот на европските синдикати (ЕТУИ) денеска објавил дека Хрватска  е помеѓу шесте земји на Европската унија во кои работниците се платени помалку од пред десет години.
Во периодот од 2010 до 2019 година во Хрватска просечните пакети за плата прилагодени на инфлацијата, вклучувајќи ги и придонесите за социјално осигурување и додатоци на плата, се намалиле за пет отсто.

Новите резултати на ЕТУИ покажале дека просечните „пакети“ на платите се намалиле и во Италија, Шпанија, Португалија, за четири проценти, на Кипар за седум проценти и во Грција, за 15 проценти.

ЕТУИ истакнал дека просечните „пакети“ на платата во истиот период стагнирале и пораснале за 0,1 процент во Финска, како и 1,5 проценти во Белгија и Холандија.

„Работниците во шест земји на ЕУ се во полоша ситуација од пред десет години. Лидерите на ЕУ сакаат да зборуваат за таканаречено опоравување, но за милиони работници во многу земји на ЕУ кризата не е готова“, рекла замникот генерален секретар на Европската конфедерација на синдикати (ЕТУК), Естер Линч.

Таа изјавила и дека ЕУ мора да направи многу повеќе по прашањето во однос на зголемувањето на платите и минималните плати, како и во правењето на посилни колективни договори во речиси сите земји членки.