- Advertisement -
СветСветот на работникотСиндикат

Хрватска забранува работна недела, но работдавачите би имале можност да изберат 14 работни недели годишно

Хрватска бележи пад на бројот на вработени - Работник
409views

Во Хрватска започнува реализацијата на забраната за работа во недела. Ова за хрватскиот портал Индекс го потврдил портпаролот на Владата на Хрватска, Марко Милиќ. 

Засега не се знае дали Владата ќе остане при предлогот за 14 работни недели, при што на работодавачите би им се оставило да одлучат која недела ќе биде, или пак предлогот ќе се модифицира. Но, се знаед дека Владата планира да забрани работење во поголемиот дел од неделите, а тогаш би смееле да работат само пекарите, бензиските пумпи и киосците, а веројатно и продавниците на автобуските и железничките станици.

Како што рекол Милиќ, веќе оваа недела ќе се одржат првите состаноци на оваа тема, но не со работодавачите, туку со синдикатите, а со работодавачите би требало да се разговара после тоа. 

„Конечниот предлог и одредувањето на конкретниот број на неработни недели сеуште се дефинира, па Владата за тоа ќе разговара и со социјалните партнери. Ресорните министри Аладаровиќ и Чориќ ќе се сретнат оваа недела со претставниците на Сојузот на самостојни синдикати на Хрватска и Синдикатот за трговија, за да разговараат на оваа тема, а ќе го одржуваме и дијалогот со работодавачите“, рекол Милиќ.