ЕкономијаСветСиндикат

Хрватска: Или зголемување на платите во основното и средното образование или штрајк

Хрватска: Или зголемување на платите во основното и средното образование или штрајк - Работник
48views

Два репрезентативни синдикати во образованието, денеска побараа од Владата да се зголемат платите на учителите и наставниците за околу 80 евра, бруто или на есен ќе спроведат индустриска акција.

Лидерите на синдикатот на хрватските учители, Сања Шпрем и Независниот синдикат на вработени во средните училишта на Хрватска, Бранимир Михалинец на прес конференција денеска го претставија своето барање за зголемување на коефициентите на сложеност на професиите за сите вработени во системот на основното и средното образование.

„Различните основици на платата би се зголемиле за коефициент на сложеност од 1,406, што за професиите учител и наставник би значело зголемување од 6,11 посто“, рекол Михалинец и прецизирал дека зголемувањето би изнесувало помеѓу 78 и 86 евра, бруто. Поради различните даноци на локални нивоа, тешко е да се каже за колку би пораснала патата во нето. Во Загреб тоа би било 53 евра, додал тој.

„Долго и внимателно ја анализиравме ситуацијата и ова е разумен и објективен предлог“, рекол додавајќи дека за тоа имаат поддршка од министерката за наука и образование, Блаженка Дивјак. Ја повикал Владата да донесе одредба со која промените би стапиле на сила на почетокот на септември.

Сања Шпрем најавила дека на Владата и Премиерот ќе им упати да забрзаат, а доколку не добијат одговор ќе започант индустриска акција. Курикуларната реформа бара драстични промени во работењето, а нејзиното фронтално воведување значи значително зголемување на опсегот на работни задачи на учителите. Спроведувањето на реформата пресудно зависи од ентузијазмот на учителите, задоволниот учител е најголема гаранција за нејзниот успех, додека ниските плати ги демотивираат, предупредила Шпрем.