ПравдаСветот на работникот

Хрватска: Министерот на труд воведе нови правила за работодавачите

Хрватска: Министерот на труд воведе нови правила за работодавачите - Работник
213views

Владата одлучила да ги зголеми квотите за странските работници, на што се противат од Сојузот на самостојни синдикати на Хрватска. Во отворено писмо до Премиерот истакнуваат дека одлуката била донесена без советување со синдикатите, што е неприфатливо и спротивно на законот. Поради целата ситуација, во Дневникот на ХРТ, гостин бил министерот за труд и пензиски систем, Марко Павиќ кој се осврнал на недостатокот на работна сила и на платите.

„Политиката на Владата е првенствено да ја активира домашната работна сила. Сезоната во соработка со работодавачите започнавме да ја подготвуваме претходната година, а анкетата  на невработените покажала дека од нив, 20,000 искажале интерес за работа во сезона и ние ги споивме со работодавачите. Минатата недела ги повикавме работодавачите да започнат со вработувањето. Во рок од недела дена, вработени се 600 луѓе“, рекол Павиќ за ХРТ и додал дека цел е и зголемувањето на платите за да луѓето останат во Хрватска.

На прашањето како ќе се казнуваат оние кои не сакаат да работат, министерот Павиќ рекол: „Сега веќе постои правило кое вели дека личноста која ќе одбие работа или преквалификација ќе се избрише од Заводот за вработување. На тој начин знаеме кој сака да се вработи, но мораме да бидеме и социјално осетливи кон личностите кои се долго невработени и тежат кон интегрирање на пазарот на труд. Тоа се првенствено личности кои имаат пониски квалификации и способности, на кои Заводот им нуди преквалификации“.

За наредната година Павиќ најавил воведување на нов систем, односно укинување на квотата. „Во подготовка е Законот за странци кој го води Министерството за внатрешни работи, а ние помагаме со развојот на модели. Предупредив на аномалијата. Ги споредивме статистиките на МУП и Заводот за вработување. Повеќе од 70 проценти од работодавачите, воопшто не се обиделе да најдат домашни работници. Се воведува обврска со која работодавачот најпрво да даде оглас во Заводот и да се обиде да најде домашен работник. Во случај да преку Заводот не најде работа, тогаш може да оди преку увоз“, објаснил министерот.