СветСветот на работникотСиндикат

Хрватска: Од септември нема кој да ги вози децата на училиште, доколку не се исполнат нашите барања

Хрватска: Од септември нема - Работник
56views

Синдикалците и автобуските превозници најавуваат: На есен децата нема кој да ги вози на училиште.

Во понеделеникот, на 22.07 во Загреб е одржан состанок на Здружението на синдикатот на возачите и транспортните работници и Синдикатот за транспорт и врски, а два дена подоцна, на 24.07 во Сомбор е одржан состанок на Здруженијата на хрватските автобуски јавно лински превозници. Од двата состаноци се упатени писма до Владата и надлежните министерства со најава за предупредувачки штрајк на возачите, а потоа и со комплетно блокирање на јавно линискиот превоз на почетокот на учебната година, доколку не бидат склопени договорите за јавни услуги согласно одредбата од директивата 1370/2007 на Европска Унија.

Во своето писмо, претставниците на Здружението на синдикатот на возачите и транспортните рабоници и синдикатот за транспорт и врски во име на 7,000 работници, пред се на возачите, го насочуваат вниманието на Владата на алармантната состојба и нередот кој владее во јавниот линиски превоз на патници, како и предупредуваат на тешката ситуација и бројните неправди со кои последните дваесет години се соочува хрватскиот јавни линиски превоз и неговите вработени, а се поради тоа што не постојат јасни правила и закони за превозот на патници во Република Хрватска.

Во писмото на синдикатот, покрај другото се наведува дека: „Република Хрватска ја заштитила Јадролинија и домашните превозници во поморскиот превоз на патници и возила помеѓу копното и остравите, како и нивните вработени, со долгогодишна концесија, од странските и останатите превозници. Не ги изложила на натпревар, туку им ги признала историските права и им осигурала субвенции за да ги задржат домашните работници и морнарите, и им дала време за прилагодување. Република Хрватска исто ја заштитила и Железница на Хрватска, како претпријатието, така и вработените со долгогодишни концесии и субвенции, им ги признала стекнатите права и не ги изложила на пазарот, туку им дала време за да се прилагодат. „Истовремено јавните линиски автобуски превозници ги оставила на милост и немилост на суровата хрватска реалност, поради тоа со право се прашуваат зошто се дискриминирани работниците од оваа област и како е можно европските држави од нашето опкружување како Словенија, Австрија и Германија, јавно линискиот превоз го уредиле согласно уредбите на ЕУ, а ние не можеме? Одговорите на овие прашања се бараат во најкраток можен рок, ако ако не ги добијат возачите на автобусите ќе влезат во штрајк.