Uncategorised

Хрватска: Синдикатот на учители и наставници собра потписи за одложување на „Училиште за живот“

Хрватска: Синдикатот - Работник
170views

Синдикатот Препород собрал 2,980 потписи од учителите и наставниците кои бараат едногодишно одлагање на фронталната примена на „Училиштето за живот“ поради не опременоста на училиштата и недоволната едукација на учителите и наставниците, истакнато е денеска на прес-конференцијата на тој синдикат.

Потписите се собрани во период од 25 јуни до 5 јули во 154 основни и средни училишта, известил Претседателот на синдикатот, Жељко Стипиќ и оценил дека едногодишното одлагање на „Училиштето за живот“ е единствено исправно нешто кон децата и родителите.

„Несомнената неподготвеност на учителите и наставниците за „Училиштето за живот“ и нивната недоволна едукација, пропустите врзани за опремувањето на училиштата и набавување на опрема, различните услови за работа во нашите училишта ќе резултираат со сериозни последици“, оценил Стипиќ.

Најавил дека потписите при барањето за едногодишното одложување на фронталната примена на „Училиштето за живот“ ќе ги предаде на Премиерот на Хрватска, Андреј Пленовиќ, од кого ќе побара и состанок.