- Advertisement -
ЕкономијаНовостиСветСветот на работникот

Хрватска увезува неквалификувана работна сила

Хрватска - Работник
1.1Kviews

Додека западните земји привлекуваат образовани работници, Хрватска увезува слабо образована работна сила, каде главно доаѓаат самци, мажи кои со ниските плати не можат да преживеат со семејство.

„Колку малата Хрватска треба да увезе странски работници за да го достигне просечниот стандард на државите на Европската Унија, за сите кои денес работат, кога ќе заминуваат во пензија, да не заминуваат во јад и беда“, прашува Жељко Ловринчевиќ од Економскиот институт.

Државата ја сочинуваат нејзините жители, стандардот ѝ го обезбедуваат вработените граѓани и институциите кои работат за јавното добро, а иднината децата и младите.

За само 30 години Хрватска изгубила речиси милион луѓе и денес, според проценките на демографите, брои само 3,85 милиони постојани жители, меѓу кои уделот на граѓаните на возраст од 65 и повеќе години го надминува уделот на децата и младите до 19 години.

Затоа, како што се наведува, Хрватска се вбројува меѓу најстарите нации во светот.

Со таквата структура на населението, со интензивното иселување на граѓаните во последните осум години и одливот на мозоци не може ни да има поголем економски раст, туку да се одржува на површината со стихиен увоз на работна сила и со надеж дека барем дел од иселените ќе се вратат за сите граѓани да можат пристојно да живеат.

Министерот за финансии Здравко Мариќ на конференцијата „Хрватска каква што ни треба“, кажувајќи дека на сите мора целта да им биде зголемување на животниот стандард, кажа дека од 100 до 150 илјади нови квалитетни работни места значат помалку главоболки и многу појак и поодржлив раст, со кој полесно би се достигнал просечниот европски стандард.