ПравдаСветСиндикат

Хрватска: Учебната година уште малку започнува, а автобуските превозници ќе штрајкуваат

Хрватска: Учебната година - Работник
16views

И покрај скорешниот почеток на новата учебна година, Здружението на синдикатот на возачи и транспортни работници на Хрватска, како и синдикатот за транспорт и врски на Хрватска се принудени да го блокираат јавно линискиот превоз низ државата. Се работи за револт поради фактот дека никој не одговорил на нивниот допис кој го пратиле до премиерот Андреј Пленковиќ и на адресите на неколку министерства.

„Никој не одговори на нашиот допис од 24.07.2019 година. Во меѓувреме синдикатите на вработените во нашите фирми најавиле предупредувачки штрајк на 23.08.2019 година и блокирање на превозот на почетокот од годината“, стои во дописот пратен до Премиерот во понеделникот (вчера).

„Ситуацијата во јавниот линиски превоз е неиздржлива, а ние сме притиснати од тешката ситуација на терен. Решението е итно да се склопат договори за јавни услуги со превозниците, како и со тоа да се осигураат работните места и задржувањето на работниците. Еден од предусловите кој веќе требаше да биде исполнет е да се донесе Правилник за обавување на јавно линиски превоз на патници, за кој советувањето завршило на 10.06.2019 година, а кој сеуште не е објавен“, наведуваат од Здружението на возачи и транпортни работници.

Молат за итен состанок, како и Владата да одреди на кој начин во согласност со Законот за превоз ќе добијат договори за јавните услуги до законот со предвиден рок до 30.11.2019 година.

„Секое одложување е неприфатливо“, порачуваат во дописот до Пленковиќ кој го потпишал Хрвоје Мештаровиќ, Претседател на Хрватското здружение на јавно линиските превозници.