- Advertisement -
ЕкономијаНовостиСветСветот на работникотСиндикат

Хрватскиот премиер најавил забрана за работа во Недела, повикувајќи се на непостоечка анализа

Хрватскиот премиер најавил забрана - Работник
182views

Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ најавил забрана за работа на продавниците во недела, повикувајќи се, како што тврди порталот Индекс, на анализа која не постои. 

Продавниците, како што рекол, во недела ќе бидат затворени, освен 16 недели во годината. 

Advertisement

„Разговаравме за Законот за трговија и Законот кој ја регулира работата на Хрватските стопански комори. Законот за трговија го подразбира прашањето за работа во недела. Идејата е работата во недела да се забрани освен 16 недели во годината, земајќи ја во предвид и туристичката сеозна“, навел Пленковиќ. 

Пленковиќ и претходно најавувал забрана за работа во недела за продавниците и се повикал на двегодишната владина анализа, за која Индекс во октомври минатата година открил дека не постои, пишува порталот. 

Advertisement
Advertisement

Во текстот се додава дека за Индекс во октомври 2020 година, Министерот за економија и одржлив развој Томислав Чориќ официјално потврдил дека не постои владина анализа за неработна недела која тогаш ја споменувале премиерот Пленковиќ и Министерот за просторно планирање, градежништво и државен имот Дарко Хорват. 

„Пленковиќ тогаш во своите медиумски настапи поврзани со измената на законот за неработна недела споменувал дека ја видел двегодишната анализа на Министерството за економија, а истото тоа го рекол и Министерот Хорват, истакнувајќи дека токму на основа на таа анализа се ‘менува член 57’ со кој се регулира работата на продавниците во недела“, наведува Индекс. 

Понатаму се напоменува дека редакцијата ја побарала на увид таа анализа од Владата и Министерството уште во мај минатата година, откако владините партнери – од Синдикатот за трговија, Хрватската трговска комора, Хрватското здружение на работдавачи до претставниците на трговските центри – им потврдиле дека не ја виделе. 

„Министерството за економија и одржлив развој не располага со бараната анализа“, гласел конечниот одговор од Министерството кој индекс го добил „по три новинарски прашања, повикување на правото на пристап до информации и жалби до доверителот за информирање“, со што надлежните, како што заклучува, „конечно признале дека тоа било лага“. 

Advertisement