НовостиСветСветот на работникот

Хуманитарните агенции изгубија контакт со своите работници во Газа

   Време за читање помалку од минута

Хуманитарните агенции изгубија контакт со своите работници во Појасот Газа бидејќи комуникацијата и интернетот повторно беа прекинати во палестинската енклава поради конфликтот меѓу Израел и палестинската милитантна група Хамас.

Агенцијата на Обединетите нации за помош и работа за палестинските бегалци (UNRWA) соопшти дека изгубила контакт со огромното мнозинство свои тимови во Појасот Газа, а палестинската Црвена полумесечина исто така соопшти дека не е во можност да оствари контакт со хуманитарните работници во областа.

Сите комуникации и интернетот во Појасот Газа се во прекин, соопшти вчера палестинскиот телекомуникациски оператор „Палтел“ наведувајќи дека главната мрежа, која била обновена, повторно била прекината од израелска страна.

Интернет-услугите и комуникациите во Појасот Газа беа прекинати на 1 ноември, но и неколкупати порано од 7 октомври кога почна конфликтот меѓу Израел и Хамас.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *