- Advertisement -
НовостиПравда

Царовска за Канал 5: За исклучително краток период, со мала интервенција успеавме успешно да се прилагодиме на онлајн наставата

Наставниците - Работник
209views

Министерката за образование и наука Мила Царовска, во разговор за Дневникот на Канал 5 телевизија вели дека дигитализацијата не беше потребна само заради Ковид-19, туку пандемијата само го забрза овој процес на осовременување на образованието којшто ќе продолжи и понатаму да се користи како алатка.

Царовска рече дека за исклучително кратко период со интензивна но мала интервенција, успеавме успешно да се прилагодиме на онлајн настава.

„Заедно со наставниците, родителите и учениците увидовме дека сепак нашиот образовен систем е флексибилен. Иако имаше став дека е доста ригиден и дека тешко ќе се прилагодат на онлајн наставата. Сега тие ваквиот вид на настава го сметаат за предност. Велат дека ако до сега сме немале можност да стигнеме до видео ресурси и други електронски материјали, сега со еден клик имаме пристап до сите тие материјали. Со  онлајн наставата е поедноставно презентирањето на материјалот до учениците, но и тие поинтересно гледаат на овој систем на образование“, вели Царовска.

Министерката истакна дека движечката сила на промените во образованието се наставниците и дека токму кај нив има добар потенцијал и којшто може да нé повлече кон посовремено образование.