ЕкономијаМакедонија

Царовска: И ние укажуваме дека ако платите се покачуваат без да се зголемува продуктивноста, на долг рок може да се јави проблем

Царовска: И ние укажуваме - Работник
178views

ММФ алармира, не тврди. Вели дека ако платите се покачуваат без да се зголемува продуктивноста, тогаш може на долг рок да се јави проблем. Тоа и ние го укажуваме, заедно со меѓународните финансиски институции, рече денеска вицепремиерката за економски прашања, Мила Царовска.

Одговорајќи на новинарски прашања по посетата на компанијата „Feydom“, Царовска напомена дека Владата ги поддржува фирмите кои не само што ги зголемуваат платите, туку и вложуваат во технолошки развој со што остваруваат додадена вредност и ја зголемуваат продуктивноста.

-Инвестираме во компании кои ќе можат да си ги покачат платите на работниците самостојно или со поддршка на Владата, но исто така инвестираат за да може да има додадена вредност за продуктивноста да оди паралелно со покачувањето на платите. За тоа се залагаме како Влада и тоа го направивме преку социјален дијалог и го гледате во пракса, нагласи Царовска и ја посочи „Feydom“ како пример, пишува Либертас.

Целосниот текст прочитајте го тука