ЕкономијаМакедонија

Царовска: Минималната плата ги покачи и останатите плати во државата

Од 2 септември ќе треба да почне исплатата - Работник
125views

Вицепремиерката задолжена за економски прашања Мила Царовска смета дека покачувањето на минималната плата ги дало очекуваните резултати, односно дека го стимулирало зголемувањето и на останатите плати, што според неа, може да се види од растот на просечната плата во државата.

– Сите мерки што ги презедовме заедно со сите социјални партнери, тоа се работодавачите, стопанските комори, синдикатите, беа со цел да се отвори спиралата и да се покачат платите. Тоа може да се види од тоа што просечната плата во нашата држава интензивно расте како што никогаш досега не било случај. Претходно имаше раст од 1,8 проценти, сега секоја година имаме речиси над 4,7 проценти раст на просечната плата. Ова укажува дека навистина интензивното растење на минималната плата доведува и до раст на просечната плата, рече Царовска, одговарајќи на новинарско прашање по посетата на Драчево, каде треба да се изгради градинка, пишува Бриф.

Целосниот текст прочитајте го тука