ЕкономијаМакедонија

Царовска: Нема поплаки за исплатата на покачената минимална плата

Царовска: Нема поплаки за исплатата - Работник
148views

Засега добро тече исплатата на покачената минимална плата на 14.500 денари и тоа е поврзано со мерката за субвенционирање на раст на плати. Сигурна сум дека доколку имаме целосен мандат од четири години ќе постигнеме минимална плата од 16.000 денари, порача денеска вицепремиерката за економски прашања Мила Царовска.

-Во суштина со мерката за субвенционирање на раст на плати работодавачите порано ги покачија платите и ја постигнаа минималната плата. До мене не е стигната информација дека некој не ја исплаќа минималната плата и засега нема одредена реакција од здруженијата и синдикатите. Имав завчера состанок со стопанските комори и сите синдикати и вакво прашање не беше отворено. Сепак, не можеме да очекуваме 100-процентна реализација на која и да е мерка во државата, но досега не е подигнат аларм. Ако има такво нешто сакам веднаш да се согледа и да се реагира од Трудовиот инспекторат, рече Царовска во одговор на прашање на денешната прес-конференција во Владата, пишува Либертас.

Целосниот текст прочитајте го тука