- Advertisement -
Магазин

Царовска се сретна со претставници на МОФ: Продолжуваме да ги унапредуваме младинските права и политики

Царовска се сретна со претставници - Работник
117views

Министерката за образование и наука Мила Царовска денес одржа работен состанок со претставници на Младинскиот образовен форум (МОФ). На состанокот беше заклучено дека МОН ќе ја продолжи и ќе ја унапредува соработката со младинските организации во насока на подобрување на правата и политиките за младите.

Министерката Царовска истакна дека соработката со младите и нивното активно и посветено учество во носењето одлуки и креирањето политики е неопходно за квалитетни реформи и процеси за унапредување на квалитетот на образованието, но и подобрување на целокупниот животен стандард на младите во нашата држава.

Advertisement

Претставниците на Младинскиот образовен форум на средбата посочија дека продолжуваат да бидат партнер на институциите преку изработка на истражувања, анализи и предлози за квалитетни младински политики и очекуваат тоа партнерство да продолжи со уште поинтензивна динамика во наредниот период. 

Advertisement

Advertisement
Advertisement