ЕкономијаМакедонијаПравда

Царовска-Шаќири: Дигитална трансформација на образованието е висок приоритет за МОН и МИОА

Царовска-Шаќири - Работник
56views

Соработката на Министерството за образование и наука и Министерството за информатичко општество и администрација во делот на дигитализацијата на образованието беше тема на разговор на првата официјална средба меѓу министерката Мила Царовска и министерот Јетон Шаќири.

Предизвиците на пандемијата ја потврдија важноста од дигитална трансформација на традиционалното образование. Двајцата министри се согласија дека Единствената национална платформа за настава на далечина е само прв исчекор кон модернизација на образованието, на чија доградба и развивање заедно ќе работат. Министерката Царовска нагласи дека ова е можност да создадеме систем на квалитетно образование достапно до сите деца, а Платформата ја создаваме како трајна вредност којашто ќе се развива и надградува.

На средбата беа потврдени заложбите за создавање професионална, модерна и транспарентна администрација, што ќе биде сервис на граѓаните. Двете министерства тесно ќе соработуваат и во развојот на е – услугите од надлежност на Министерството за образование и наука.