Цената на лошиот социјален дијалог

Цената на лошиот социјален дијалог
Недостатокот на добар социјален дијалог,особено во време на пандемијата, многу ја чинеше нашата држава. Неможноста да дојдат до заедничко решение властите со одредени сектори ја втурна државата во рецесија. Ретроспективно гледано,
потфрлувањето го почувствувавме на две нивоа: не го зачувавме јавното здравје и не ја спасивме економијата.
Управувањето со кризата од страна на јавните органи беше главно на секторско ниво. Повеќето од преземените мерки, во период од повеќе од една година, се однесуваа на затворање, па повторно отворање на училишта, ненеопходните
продавници, хотели и ресторани, канцеларии на јавна администрација, културни институции, туристички
објекти и сл. Надвор од овие сектори, меѓузависностите создадоа домино ефекти. Во слична ситуација се наоѓаше и Европската Унија. На пример, работодавачите и
работниците во поморската риболовна индустрија обезбедуваат скоро 50 милијарди оброци годишно за европските граѓани. На почетокот на пандемијата, како што се
затворија рестораните, тие ја предупредија Европската комисија дека рибарските бродови можеби ќе мора да престанат да работат. Во тој период приоритет во европските земји членки беше да се утврдат условите за одржување на економската активност по секоја цена.
Договорот за функционирање на Европската унија (член 152) наложува промовирање на дијалог и консултации меѓу претставниците на работодавачите и работниците. Бројни
студии го испитувале ова, но резултатот бил честопати со мешани показатели – кога се однесува на „социјалниот дијалог“, особено на секторско ниво. Според неодамнешен извештај на Европскиот институт за синдикати, социјалниот дијалог во Европа се покажа особено корисен во 2020 година, во поглед на справувањето со конкретни последици од пандемијата.
Можеби и Македонија ќе се приклучи на добриот европски тренд и конечно ќе го продлабочи социјалниот дијалот, истовремено издигнувајќи го на едно повисоко ниво и ќе
посвети соодветно внимание на негово унапредување, со цел унапредување на целото општество.
Тимот на Јуридика
(фото: ceps)