ЕкономијаМакедонија

Цените на производителите на индустриски производи зголемени за 1,2 отсто на годишно ниво

Цените на производителите - Работник
131views

Продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар во јануари 2020 година се повисоки за 0,5 отсто на месечно ниво и за 1,2 отсто на годишно ниво, објави Државниот завод за статистика.

Според објавените податоци, минатиот месец во споредба со претходниот, продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар се повисоки во групите трајни производи за широка потрошувачка за 2,9 отсто, енергија за 1,4 отсто, нетрајни производи за широка потрошувачка 0,4 отсто и капитални производи за 0,2 отсто.

Во јануари 2020, во споредба со јануари 2019 година, продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар се повисоки во групите трјани производи за два отсто, енергија за 1,3 отсто, нетрајни производи за широка потрошувачка за 1,7 отсто, капитални производи и интермедијарни производи, освен енергија за 0,4 отсто.

Извор: Лидер